Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

May 5, 2026
1 min read

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски дена, Виноскоп ќе понуди комбинација од вечерни настапи, дневна саботна програма, бранч-концепт, познати музички имиња, домашни вина и гастрономска понуда.

Програмата започнува во среда (13 мај) од 18:00 часот, со настапи на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд.

Веќе следниот ден, во четврток, 14 мај, исто така од 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапите на DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле.

Петок, 15 мај, носи продолжена фестивалска вечер, со програма од 17:00 до 01:00 часот. На сцената ќе настапат Карлито, Здравев Мјузик, Огнен и Пауза за ракија, во вечер замислена како вистинско загревање за викендот во Градски парк.

Сабота, 16 мај, е резервирана за целодневно фестивалско искуство, со почеток од 12:00 часот. Под концептот „Блуз и вино“ – бранч, Виноскоп ќе понуди поинаков дневен ритам, со настапи на DJ Бела, Мијата, Камерен оркестар и Пасио Бенд.

Фестивалот ќе заврши во недела, 17 мај, со дневна програма од 12:00 до 18:00 часот и настап на DJ Гоце Саф, како опуштена завршница на петдневното јубилејно издание.

Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во селекција на вина од домашни винарии, како и во разновидна гастрономска понуда. Виноскоп и оваа година останува место каде што се спојуваат виното, музиката и градската енергија, но овојпат во пролетен ритам и со програма што ја отвора сезоната на дружење на отворено.

Виноскоп ќе се одржи од 13 до 17 мај во Школка, во Градскиот парк во Скопје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Një pacient në Maqedoni përdor mesatarisht 15 receta për ilaçe në vit

Следно

Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop