Полноќна „бомба“: Лео Меси се враќа во Барселона?!

March 22, 2023
1 min read

Лионел Меси од вечера е на собирот на репрезентацијата на Аргентина и концентриран е на првиот натпревар на „гаучосите“ по светската титула. Сепак, вечерва медиумите во Шпанија објавија сензационална вест за неговата индина.

Во летото 2021 година Лионел Меси ја напушти Барселона како слободен играч и потпиша за ПСЖ, а следното лето може да се случи обратна ситуација. Договорот на Аргентинецот со парижани истекува на крајот од сезоната. Преговорите траат подолго време и се чини дека самиот Меси ја одолговлекува одлуката и потписот, што е добро за клубовите кои го посакуваат. Таму најмногу се издвојуваат Ал Хилал и Интер Мајами, но желбата на Меси е да остане во Европа и, ако им се верува на шпанските медиуми, да се врати во Барселона. Според новинарот Херардо Ромеро, првичниот план на Меси бил да остане во ПСЖ, но неодамна фудбалерот се предомислил. Промената може да биде поврзана и со фактот што ПСЖ беше елиминиран од осминафиналето на Лигата на шампионите, и со гестот што минатата недела го направија навивачите на тимот, кои го исвиркаа Аргентинецот на „Паркот на принцовите“ пред натпреваот со Рен.

Дополнително, Меси смета дека враќањето во Барселона би било од корист и за неговото семејство, кое не се приспособи на животот во француската престолнина и по речиси две години сака да се врати во Каталонија. Дури и да е јасна желбата на играчот, невозможно е Барселона, барем во моментов, да му понуди договор на Меси. Каталонците ја надминаа границата на платите во Примера, поради што неодамна беше поништен новиот договор на Гави.

Бидејќи Барселона во моментов не може да регистрира нови играчи, клубот од „Камн Ноу“ би морал да се откаже од повеќе играчи, за подоцна да нема проблеми со евентуалната регистрација на Меси. Останува да видиме дали Барселона ќе најде решение. Едно е јасно – домот на Меси е во Барселона и сигурно милиони луѓе би биле среќни со неговото враќање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Георгиевски изврши увид на реконструкција на пешачка патека во Илинден

Следно

ЧатГПТ му платил на човек за да реши CAPTCHA место него

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop