Британски пакет поддршка за Украина, 752 милиони фунти и 120 илјади дронови

April 15, 2026
1 min read

Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање воена опрема, вклучително ракети со долг дострел, системи за противвоздушна одбрана и дронови.

Ривс изјави дека средствата ќе и помогнат на Украина да ја обезбеди неопходната воена опрема за одбрана од руската агресија, додавајќи дека Велика Британија ќе продолжи со поддршката.

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, на денешниот состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина во Берлин се очекува да го презентира најголемиот пакет дронови за украинската војска, што предвидува испорака на 120 илјади беспилотни летала.

Пакетот содржи офанзивни дронови со долг дострел, извидувачки и логистички дронови, како и поморски дронови, од кои дел се од британско производство.

Хили изјави дека таквата поддршка ќе значи зајакување на украинските одбранбени сили, како одговор на руските напади.

Дроновите се повеќе играат клучна улога во конфликтот во Украина. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна соопшти дека украинските сили за првпат извеле акција за преземање контрола врз руска позиција, притоа користејќи исклучиво далечински управувани пешадиски средства и дронови. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малопродажните цени благо пораснале за 0,43%, маржите намалени за 0,48% – дел од притисокот преземен од трговците

Следно

LSDM: Rënia e Orbanit është lajm i keq për Mickoskin, e konfirmojnë edhe mediat gjermane

Latest from Blog

Коњановски: Продолжуваме со инвестиции во сообраќајната инфраструктура во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека во градот се обезбедуваат нови паркинг простори, со што продолжуваат активностите за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на секојдневието на граѓаните. Во изминатиот период,

Димитриеска-Кочоска од Вашингтон: Макроекономската стабилност останува приоритет

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, остварила средба со извршниот директор на Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, за време на нејзиниот престој во Вашингтон, каде разговарале за економските политики и реформските процеси во
Go toTop