Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување велосипед, е-тротинет или е-велосипед

March 21, 2023
1 min read

Со вкупен фонд од 700.000 денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош денеска ја започна акцијата за субвенционирање при купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Притоа, локалната самоуправа ќе субвенционира до 30 отсто од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари, како и купување на електричен тротинет и електричен велосипед со субвенционирање до 30 проценти од цената, односно најмногу до 5.000 денари.

-Во овој случај, право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет и електричен велосипед започнувајќи од вторник 21.03.2023 година. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“, појаснуваат од Општина Карпош.

Во рамки на процедурата, апликантите за субвенции треба да  достават барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети и велосипеди, изјава за согласност за обработка на лични податоци, лична карта (фотокопија), трансакциска сметка (фотокопија), фискална сметка за купен велосипед или електричен велосипед и тротинет, кој е купен не порано од денеска.

-Во оваа пригода ги известуваме жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства од Град Скопје за тековната година, дека немаат право да учествуваат по огласот. Инаку, граѓаните можат да аплицираат за субвении преку писмен и електронски пат. Имено, барањата со комплетната документација можат да ги доставуваат физички до архивата на Општина Карпош или пак електронски, преку мобилната апликација М-заедница (достапна за IOS и Android), како и на веб страницата mzaednica.mk при што е потребно секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место, се вели во денешното соопштение на Општина Карпош.

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Правото на субвенција е еднократно а за дополнителни информации граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот – Марко Петрушевски, на контакт телефонскиот број: 078 486 063.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: 113 лица приведени за време на протестите во Париз

Следно

Макрон ќе и се обрати на нацијата утре кога ќе даде интервју за два француски медиума

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop