Медицинската наука е полна со фалц истражувања

March 20, 2023
2 mins read

Доктор Бен Мол е професор и уредник на Европскиот журнал за акушерство и гинекологија. Станал особено претпазлив кон она што го чита како уредник откако добил белешка за некој труд од Египет кој бил повлечен од еден магазин затоа што содржел истоветни податоци со друга студија претходно објавена во Шпанија. Се работело за комплетен плагијат, сменета била само болеста на која се однесува.

Наскоро и на личен пример го увидел проблемот, кога труд кој го одбил за во неговиот журнал, подоцна го видел објавен во друг.

Собрал колеги и решиле подлабоко да истражат колкав е проблемот. Голем. Кај што виделе чад, речиси секогаш имало и оган: нашле студии со клинички неверојатни резултати, истражувања во кои се наведени само парни броеви, невозможни податоци, ултра-брзи клинички тестирања….

Неговата група испратила забелешки за преку 750 научни трудови до научните магазини кои ги имале објавено. Или ништо не се случило или на предупредените им требале години за да реагираат. Биле повлечени само 80 проблематични студии. Да биде ситуацијата полоша, многу од проблематичните биле вклучени во оние највлијателните извештаи, оние кои ја обликуваат клиничката пракса. 

Како последица на ова, милиони пациенти можат да добиваат погрешни третмани и терапија. На пример жените кои добиваат стероидни инекции кога доброволно ќе се решат на царски рез. Таквите инекции требало да спречуваат проблеми со дишењето на бебето кое се носи на свет, иако постоела загриженост дека можат да му наштетат на бебешкиот мозок. Меѓутоа, праксата била поддржана со научна студија објавена во 2018 година од организација која промовира „наука темелена на докази.“ Кога студијата ја испитале доктор Мол и колегите, во неа нашле тру студии на кои наука не може да се потпре. Ревидираниот извештај, без тие три студии, бил објавен дури три години подоцна!

Благодарејќи на „пицајзли“ како доктор Мол, делумно или комплетно фабрикувани истражувања сè регистрираат сè почесто. „Retraction Watch“ е онлајн датабаза во која се наведуваат скоро 19.000 трудови за био-медицински научни теми кои се повлечени. Во 2022 година имало 2.600 повлекувања, над двојно повеќе отколку во 2018-та.

Фабрикуваната наука главно доаѓа од еден од двата главни извора.

Некои, особено оние кои известуваат за клинички испитувања, се дело на плодни индивидуални или групи на измамници. Оние кои ги открива доктор Мол спаѓаат во оваа категорија.

Другите, кои почесто се однесуваат на базична наука, како што е молекуларната биологија, се напишани (препишани) за пари. Најчесто, се копира оригинален труд, само што му се менува генот или болеста на која се однесувал легитимниот труд.

Според податоците од Retraction Watch, 200 автори со најмногу повлекувања стојат зад дури една четвртина од сите 19.000 повлекувања. Многу од најплодните измамници се високо ценети научници на големи универзитети или болници.

Најјак пример ни е оној со Дидрик Стапел, некогаш професор по психологија на холандскиот универзитет во Тилбург. Нему му се откриени дури 58 фалц научни дела. Во своите исповедни мемоари насловени „Лажирање на науката“, Стапел вели дека ги измислувал  трудовите само затоа што неговите автентични истражувања не доаѓале до решенија кои се „едноставни, чисти, убави и елегантни“.

* извор

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Следно

ЕУ ќе ѝ даде еден милион парчиња артилериска муниција на Украина во следната година

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop