Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција по земјотресите

March 20, 2023
1 min read

Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција.

Таа говореше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните години.

„Милиони сега се бездомници и живеат во шатори во текот на зимата. Мора да се мобилизираме за обнова. Куќите, училиштата и болниците мора повторно да се изградат со највисоки стандарди за безбедност од земјотреси. Водата, канализацијата и другата клучна инфраструктура мора да се поправат. На јавните служби и претпријатијата им треба капитал за повторно да работат, за луѓето да можат да заработат за живот“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Комисијата ќе обезбеди дополнителни 108 милиони евра за хуманитарна помош и за обновување на Сирија. Европската унија не одржува дипломатски врски со претседателот на таа земја, Башар ал Асад, од војната што започна во 2011 година.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) проценува дека „вкупниот финансиски товар од земјотресот“ за Турција е околу 103,6 милијарди долари, што е девет отсто од проектираниот БДП на земјата за 2023 година.

Министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека Хрватска на конференцијата ќе најави нова помош за двете земји, која ќе изнесува вкупно пет милиони евра за Турција и 400.000 евра за Сирија. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градилиште зад Универзална сала „проголта“ дел од улицата „9 мај“

Следно

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Latest from Blog

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам

Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање,

Челзи победнички против Тотенхем

ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/ Челзи го победи Тотенхем со резултат од 2:1 на „Стемфорд Бриџ“ во 37-то коло од Премиер лигата. Челзи требаше да победи за да остане во трката за Лигата на Европа. Тие

Џ.Д. Венс: Постигнавме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

„Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа. Венс рече дека штотуку разговарал со претседателот Доналд Трамп, кој повторил

Савески на Регионалниот форум за јавни обвинители во Сараево организиран од Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На
Go toTop