Чавушоглу разговараше со официјални лица на маргините на Меѓународната донаторска конференција во Брисел

March 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со официјални претставници на маргините на Меѓународната донаторска конференција во Брисел, која се одржува денес, јавува Анадолу.

Чавушоглу одделно се состана со Тоив Клаар, специјален претставник на Европската Унија за Јужен Кавказ и Грузија, и Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Чавушоглу на социјалните мрежи изјави дека тие разговарале за регионални прашања и за процесот на реконструкција по земјотресот.

Чавушоглу ќе присуствува на Меѓународната донаторска конференција организирана од Европската комисија и Европскиот совет, со која претседава Шведска, за поддршка на жртвите погодени од разорните земјотреси во Јужна Туркије.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија Јужна Туркије се искачи на 50.096, потврди Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД). Претседателот на АФАД, Јунус Сезер, изјави дека се повредени 107.204 лица.

Два разорни земјотреса со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во земјотресите во Туркије се зголеми на 50.096

Следно

Смотрич: Палестинци не постојат

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop