Македонските фудбалери ги започнаа подготовките за Анталија Куп 2023

March 20, 2023
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари во турскиот туристички центар.

Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на репрезентацијата, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024.

-Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на позитивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации. Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати.

Македонските фудбалери во рамките на Анталија куп ќе се сретнат со Летонија (23 март), Финска (25 март) и Словачка (28 март).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Следно

Зошто Ши Џинпинг престана да се фарба?

Latest from Blog

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Хуманоидниот робот Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји. Тој е управуван од наставниците и може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација,

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што
Go toTop