Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

March 18, 2026
1 min read

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.
На средбата на која присуствуваа шефот на мисијата, Ник Гигинешвили и шефот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса, беше истакнато дека македонската економија во 2025 година оствари стабилен раст од 3,5%, со забрзување на економската активност во текот на целата година и раст од 3,8% во последниот квартал. Растот беше поддржан од домашната побарувачка, особено приватната и јавната потрошувачка, како и од позитивниот придонес на нето-извозот, додека инвестициите на годишно ниво задржаа солидна динамика.

Во однос на ценовните движења, беше посочено дека податоците за периодот јануари – фервуари покажа смирување односно надолен тренд на инфлацијата, но новонастаната состојба со војната на блискиот исток и цените на нафтата претставуваат сериозен предизвик за глобаланата економија.

Позитивни трендови се забележуваат и на пазарот на труд, каде што невработеноста се намалува, а платите бележат раст.

Во фокусот на разговорите беа фискални проекции и претпоставки со кои се предвидува постепена фискална консолидација, зајакнување на управувањето со јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални инвестиции како двигател на економскиот раст.
Буџетскиот дефицит е проектиран да се намалува во наредниот период со цел обезбедување долгорочна одржливост на јавниот долг.
Беше истакнато дека континуирано се врши следење и анализа на состојбите со надворешното опкружување и можностите на државата соодветно да реагира со соодветни владини мерки.

„Наш приоритет останува одржување на фискалната стабилност, преку постепена консолидација и дисциплинирано управување со јавните финансии, но истовремено и поддршка на економската активност преку силен инвестициски циклус и структурни реформи“, истакна министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Соговорниците ја поздравија посветеноста кон макроекономска стабилност и реформскиот процес, нагласувајќи дека ваквите политики се клучни за зајакнување на довербата и долгорочен економски развој.
Од страна на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд беше поздравена конзистентноста во реализацијата на буџетскиот дефицит за 2025 година на планираното ниво од 4%, како потврда дека фискалните политики се движат во правилна насока.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Gjykata e Lartë konfirmon vendimin, 13 vjet burg për Vasil Jovanovin

Следно

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop