Проданоски: Почна испораката на 9 нови комунални камиони за Прилеп

March 12, 2026
1 min read

Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад, информираше градоначалникот Дејан Проданоски.

Станува збор за специјализиран камион со капацитет од 8 кубни метри, кој е дел од новата комунална опрема што ќе ја добие општината преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Со оваа комунална опрема значително ќе ја зајакнеме ефикасноста на комуналните услуги и ќе направиме важен чекор кон воспоставување на интегриран и одржлив систем за управување со отпад, усогласен со европските директиви за отпад и депонии“, истакна Проданоски.

 

Во наредниот период, етапно ќе бидат испорачани уште пет специјализирани комунални возила со капацитет од 12 кубни метри, уште едно возило со капацитет од 8 кубни метри, како и два помали камиони со капацитет од 6 кубни метри.

Од Општина Прилеп посочуваат дека со новата опрема ќе се подобри ефикасноста во собирањето и транспортот на отпадот, што ќе придонесе за почиста животна средина, повисок квалитет на живот и подобра јавна хигиена во градот.

Во рамки на проектот, за општината веќе се испорачуваат и 8.318 канти за селекција на отпад, како и 126 контејнери со капацитет од 1,1 кубен метар за собирање мешан и рециклабилен отпад.

Новата комунална опрема е наменета за вкупно 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, а проектот е со вкупна вредност од 11 милиони евра. Регионалниот проект за управување со цврст отпад се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој и има за цел воспоставување функционален регионален систем за управување со отпад.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола отвора можност за работа: 18 лица ќе бидат ангажирани шест месеци

Следно

Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: хидрантот празен, помошната врата заклучена со катанец

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop