Нова фаза за гасниот интерконектор со Грција: Решени 96% од имотно-правните постапки

March 12, 2026
1 min read

Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат и услови за влез во следните активности на терен, потврдуваат од државната компанија НОМАГАС.

Станува збор за значаен чекор во развојот на еден од најважните енергетски инфраструктурни проекти во државата, кој има стратешко значење за сигурноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите и посилната поврзаност на Македонија со регионалната и европската гасна мрежа. Проектот се однесува на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино, во должина од околу 68 километри, за кој во мај 2025 беше потпишан договор за изградба, со предвиден рок од 22 месеци. Согласно сегашната динамика на реализација, завршувањето на проектот може да се очекува кон средината на 2027 година.

„Сакам да нагласам дека една од клучните карактеристики по кои овој проект се издвојува е тоа што прашањето на експропријацијата го решаваме уште во рана фаза од реализацијата. Со завршувањето на постапките за експропријација за 96% од парцелите, регулирано е користењето на 94% од вкупната површина на земјиште долж трасата. Во тек се постапки за уште 20 парцели, кои ги опфаќаат преостанатите 6% земјиште на кое е предвидено изградбата на гасоводот“, велат од државното акционерско друштво НОМАГАС.

Напредокот во експропријацијата претставува важна административна и подготвителна фаза, бидејќи решавањето на имотно-правните односи е меѓу клучните предуслови за непречено продолжување на инфраструктурните активности.  Кај проекти од ваков обем, напредокот не се мери само преку градежните работи на терен, туку и преку завршување на сите законски, технички и организациски чекори што ја овозможуваат реализацијата.

Од Номагас велат дека завршувањето на 96% од овие постапки покажува дека проектот се движи низ јасно дефинирани фази и дека, паралелно со институционалната координација и техничките подготовки, се отвора простор за следните чекори за реализација на инфраструктурата на терен.

Интерконекторот со Грција треба да обезбеди алтернативен влез за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и пристап до повеќе извори, што е особено важно за земја како Македонија, која сè уште има ограничена гасна инфраструктура и потреба од посилна регионална поврзаност.

Со тоа, Македонија добива втор влезен правец за природен гас, се намалува зависноста од само еден извор на снабдување и се создаваат услови за поголема сигурност и конкурентност на пазарот. Покрај НОМАГАС, и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го позиционира овој проект како важен дел од пошироката енергетска инфраструктурна трансформација на државата.

Дополнителна потврда дека проектот напредува е и фактот што НОМАГАС на крајот на 2025 година информираше дека веќе се пристигнати првите цевки за следната фаза од реализацијата. Со влезот во во следните фази на проектот, Македонија не прави само конкретен инфраструктурен исчекор, туку истовремено напредува и во исполнувањето на обврските преземени во рамки на Енергетската заедница, особено во делот на енергетската поврзаност, сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата на правците.

Во текот на подготовката на проектот беа спроведени и повеќе јавни консултации и презентации, како во фазата на проектната документација и студијата за животна средина, така и пред отпочнувањето на градежните активности.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Следно

Битола отвора можност за работа: 18 лица ќе бидат ангажирани шест месеци

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop