ЈП Водовод и канализација: Отплата на долгови без камата до 31 март

March 20, 2023
1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, известија од претпријатието. 

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус го победи Интер двапати во Серија А без ниту еден примен гол за прв пат по 46 години

Следно

Блинкен им честита на Вучиќ и Курти за нивното лидерство во постигнувањето согласност за имплементација на европскиот предлог

Latest from Blog

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го
Go toTop