Петрова: „Е-фактура“ е заеднички проект со стопанството, што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

February 2, 2026
1 min read

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешниот настан организиран од Сојузот на стопанските комори на Македонија, каде што деловната заедница се запозна со процесот на воведувањето е-фактура.

Таа пред бизнис-секторот потсети дека пилот-фазата на имплементација почна на 1 јануари оваа година и дека во тек е периодот на подготовка, во кој, како што нагласи, активно се вклучени и софтверските компании што развиваат фактурирачки решенија, како и економските оператори со сопствени ERP-системи.

Според директорката, техничката документација за пристап до системот е објавена и јавно достапна, со цел навремено приспособување и развој на API-канали за комуникација со платформата „Е-фактура“.

Таа најави дека клиентската и веб-апликацијата ќе бидат објавени во вториот квартал годинава по што ќе почне тестирањето со малите и средните компании, кои немаат сопствени системи и ќе ги користат бесплатните решенија што ги обезбедува УЈП.

Пред бизнис-заедницата директорката потенцира дека развојот на „Е-фактура“ се одвива во партнерство со стопанството бидејќи проектот ќе влијае врз секојдневното работење на компаниите. Таа посочи дека дигитализацијата ќе доведе до значително намалување на административниот товар, автоматизација на процесите, укинување на рачните активности и побрзо архивирање и следење на фактурите.

Системот ќе отвори можности за дополнителна дигитализација, како автоматско книжење, подготовка на налози за плаќање и користење на податоците за аналитички и деловни цели.

Од аспект на УЈП, проектот значи добивање структуирани податоци во реално време и подобрена даночна усогласеност. Податоците ќе се вкрстуваат со постојните бази – даночни пријави, финансиски биланси, банкарски и царински податоци, што, како што беше истакнато, ќе овозможи побрзо откривање и корекција на евентуални отстапувања.

Петрова појасни дека наместо контроли по неколку години, системот ќе обезбеди навремени и автоматизирани реакции, што, според неа, е во интерес и на компаниите бидејќи ќе овозможи побрзо и полесно коригирање грешки.

Директорката на УЈП  порача дека платформата „Е-фактура“ ќе придонесе за сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција преку обезбедување дигитална трага за сите деловни трансакции во земјата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајановски: Луѓето на ВМРО што сега се на власт се третиот ешалон на Груевски

Следно

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу
Go toTop