Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

February 2, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија.

По средбата, министерот Муцунски истакна дека Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите во кои живеат и работат, особено во економската и трговската сфера.

МНР

На средбата беше разговарано и за потенцијалот за продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, со фокус на економијата и трговијата, како и за улогата и придонесот на дијаспората во овој процес.

Министерот ги запозна присутните и со активностите на Владата и Министерството поврзани со дијаспората, вклучително и со Стратегијата за унапредување на соработката со дијаспората, која е во завршна фаза, како и со можностите за нивно поактивно вклучување во развојните и економските иницијативи во државата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, НЛБ и Алкалоид најтргувани – МБИ10 со раст од 1,45% на денешната сесија

Следно

ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу
Go toTop