Ненадејно почина познатиот актер Ленс Редик

March 17, 2023
1 min read

Тој вчера на неговиот профил на Инстаграм објави фотографија со неговите кучиња како седат во дневната соба. Периодов Редик беше на турнеја на која го промовираше четвртиот дел од фимовите за Џон Вик

Ленс Редик / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Познатиот американски актер Ленс Редик, почина на 60-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес, јавија американските медиуми.

Редик е познат по улогите во серијата The Wire („Жица“) и серијата филмови за Џон Вик.

Актерот починал денеска наутро, а полицијата била повикана околу 9:30 часот по локално време.

„Ленс многу ќе ни недостига. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство во овој момент“,

изјавила за американските медиуми неговата публицистка Миа Хансен.

Смртта на Редик дојде ненадејно, пишуваат дел од медиумите и потсетуваат дека вчера на неговиот профил на Инстаграм објавил фотографии со неговите кучиња како седат на софата во неговата дневна соба.

Редик периодов беше среде неговата турнеја на која го промовираше четвртиот дел од филмовите за Џон Вик каде ја игра улогата на Харсон, а којшто требаше да биде промовиран на 24 март.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Една од омилените плажи во Грција ова лето ќе биде затворена за туристите – ова е причината

Следно

Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop