Ал Наср: Договорот со Роналдо не е поврзан со кандидатурата за СП2030

January 11, 2023
1 min read

Раководството на Ал Наср демантираше денеска дека договорот на клубот од Ријад со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е поврзан со кандидатурата на Саудиска Арабија за организација на Светското првенство во 2030 година.

„Ал Наср сака да разјасни поедини медиумски написи. Договорот на Роналдо со Ал Наср не вклучува каква било обврска поврзана со кандидатурата за мундијалот. Неговиот фокус е на Ал Наср и на успеси со клубот“, објави саудискиот клуб на Твитер.

Роналдо на крајот од минатата година потшиша договор со Ал Наср до јуни 2025. и во саудискиот клуб треба да заработува околу 200 милиони евра годишно, а во тоа се вклучени и комерцијални права на португалскиот фудбалер.

Дел од светските медиуми, меѓутоа, објавија дека во договорот е вклучена и клаузула дека Роналдо ќе биде заштитно лице на саудиската кандидатура за организација на Мундијалот 2030.

Роналдо треба да дебитира за Ал Наср на 22 овој месец на дуелот против Ал Итифак во рамки на саудиското првенство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во Албанија во 2022 година биле конфискувани околу 24 милиони евра, средства од криминални активности

Следно

Путин го смени Суровкин, генерал Герасимов е нов заповедник на руските сили во Украина  

Latest from Blog

Во Стара Пазова отворена најмодерна фабрика за изработка на биометриски документи

 Инвестицијата на германската компанија Милбауер е 29,5 милиони евра. Камен-темелник беше поставен пред една година и најавено е дека во фабриката ќе се изработуваат биометриски документи за 30-40 земји. Српскиот претседател Александар

Шефилд Венздеј прогласи банкрот

Еден од најстарите фудбалски клубови во Англија и воопшто во Европа, Шефилд Венздеј и официјално прогласи банкрот. Клубот кој што во моментов е дел од Чемпионшип дивизијата, но е на последното место

Binance ги прошири услугите со директни трансакции во американски долари

Binance, глобалната блокчејн компанија зад најголемата светска берза за криптовалути според обемот на тргување и корисниците, денеска објави дека нуди директни депозити и исплати во американски долари (USD) за своите корисници во

Меџити: Продолжуваме со унапредување на уличната мрежа во Чаир

Изет Меџити, избран градоначалник на општина Чаир, денеска ја посети завршената улица „Ахмет Хајдари“ во населба Гази Баба, која е пуштена во сообраќај. Асфалтирањето и изградбата на системот за одводнување се успешно
Go toTop