Основните училишта во Кисела Вода ќе добијат соларни панели

March 17, 2023
1 min read

Основните училишта низ Општина Кисела Вода, ќе добијат соларни панели, како одговорно и домаќинско решение за снабдување со електрична енергија, најави денеска градоначаникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево. Тој положи цвеќе пред бистата на големиот херој по кој е именувано училиштето во кое и самиот ги минал училишните денови.

 Ѓорѓиевски, како што соопштија од општината, пред присутните говореше за инвестициите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во насока на унапредување на образовниот процес и истакна дека минатата година во ООУ „Кузман Шапкарев” била изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а потенцираше и дека инвестицискиот процес оваа година ќе биде дополнително засилен.

 -Убаво е да се биде дел од една долга и успешна приказна, каква што е оваа, на училиштето „Кузман Шапкарев”, што е 52 години континуиран растеж и успеси, кои се причина за гордост на секој вработен, но и на секој ученик кој излегол од тука и зачекорил кон иднината. Моменти за паметење од ова училиште носам и јас, како некогашен ученик и сокласник на многу од моите денешни пријатели. После повеќе од 20 години, го гледам „Кузман Шапкарев” со истата голема љубов, но денес, од позиција на човек кој ја има одговорната задача да работи на решавање на предизвиците поврзани со функционирањето на ова училиште. Како градоначалник, со големо задоволство работам на благородната задача да ги унапредиме условите за 695-те ученици на кои тука им се одвива наставниот процес, нагласи градоначалникот. 

Тој најави дека „Кузман Шапкарев” е едно од основните училишта во Општина Кисела Вода за кое планираат изградба на фотоволтаична централа со соларни панели.

– Во услови на енормно зголемени цени на електричната енергија кои секојдневно растат, овој зафат претставува одговорно и домаќинско решение за снабдувањето со електрична енергија. Преку искористување на сончевата енергија, на еколошки начин ќе ги задоволиме потребите за електрична енергија на училиштето, а ова ќе биде и добар практичен пример за сите ученици за тоа како со енергетска ефикасност се штедат енергија и финасиски средства. За реализација на овој голем зафат сме во фаза на аплицирање за обезбедување на средства од Бирото за регионален развој преку Скопскиот плански регион и се надевам дека тие ќе ги препознаат нашите заложби и позитивно ќе одговорат на барањето кое ќе овозможи поевтино и еколошко снабдување на училиштата во нашата општина, посочи Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА СЛАВНАТА ХРВАТСКА ПИСАТЕЛКА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ

Следно

Потер: Возбуден сум што го добивме Реал, но ние ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop