МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

January 22, 2026
1 min read

Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето.

По темелно разгледување на акумулираната научна литература, работна група од 22 експерти од 10 земји, свикана од МАИР, ја класифицира консумацијата на црвеното месо како можно канцерогено за луѓето (Група 2А). Таков е заклучокот врз основа на ограничени докази дека црвеното месо предизвикува рак кај луѓето и силни механистички докази што го поддржуваат канцерогениот ефект.

Оваа поврзаност е забележана главно кај ракот на дебелото црево, но забележани се и можни поврзаности со случаи на ракот на панкреасот и со ракот на простатата.

Преработеното месо е класифицирано како канцерогено за луѓето (Група 1) врз основа на доволно докази дека кај луѓето што го јадат предизвикува рак на дебелото црево. Лекарите заклучија дека секоја порција од 50 грама преработено месо што се јаде дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 18 отсто.

– За поединецот, ризикот од развој на колоректален карцином поради јадењето преработено месо останува мал, но овој ризик се зголемува со количината месо што се јаде. Со оглед на големиот број луѓе што јадат преработено месо, глобалното влијание врз инциденцата на рак е од важност за јавното здравје – изјави д-р Курт Штрајф, раководител на работната група на МАИР.

Работната група разгледа повеќе од 800 студии што ја истражуваат поврзаноста на десетина видови рак со јадењето црвено или преработено месо во многу земји и популации со разновидна исхрана. Највлијателните докази доаѓаат од големи проспективни кохортни истражувања спроведени изминативе 20 години.

– Овие наоди дополнително ги поддржуваат постојните препораки за јавно здравје за ограничување на внесувањето месо. Во исто време, црвеното месо има хранлива вредност. Затоа овие резултати се важни за да им се овозможи на владите и на меѓународните регулаторни агенции да спроведуваат процени на опасноста со цел да се балансираат ризиците и придобивките од јадењето црвено и преработено месо и да се обезбедат најдобри можни препораки за исхраната – вели д-р Кристофер Вајлд, директор на МАИР.

Јадењето месо варира значително меѓу земјите – од неколку проценти до државите во кои 100 отсто од луѓето јадат црвено месо. Општо земено, во просек, помал е бројот луѓе што јадат преработено месо.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Средби на собраниска делегација во Кнесетот на Израел

Следно

Симеоне: Пласманот меѓу првите 8 повеќе не зависи само од нас

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на
Go toTop