Пробно тестирање на Македонската берза за тргување со електрична енергија

March 17, 2023
1 min read

MEMO ДООЕЛ во изминатите четири дена изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија ден-однапред кој е предвидено официјално да почне со работа на 10 мај 2023 година, информираат од компанијата.

-За време на тестирањето извршивме симулација на четири различни сценарија – нормален ден; технички проблем пред затворањето на книгата на налози плус доцнење во објавувањето на резултатите; технички проблем по затворањето на книгата на налози плус доцнење во објавувањето на резултатите; и технички проблем плус процедура на не одржување на аукција. Резултатите од симулацијата се одлични, со повеќе од 24 потенцијални учесници активно вклучени во тестирањето, посочуваат од МЕМО.

Со оглед на постигнатите резултати при тестирањето, нагласуваат, уверени сме дека пазарот ќе биде целосно оперативен до датумот на започнување со работа на 10 мај 2023 година.

-Веднаш по официјалното одобрување на Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија (берзата на електрична енергија) од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, ќе го отвориме процесот на регистрација на учесниците на пазарот ден-однапред, велат од МЕМО и додаваат дека почетокот на регистрацијата ќе биде официјално објавен.

Со воспоставување на пазарот ден-однапред, како што нагласуваат, ќе се овозможи формирање на релевантна референтна цена  на електричната енергија во нашата држава, ќе се овозможи пазарно поврзување со соседните пазари, а со тоа и ќе се олесни достапноста на електричната енергија на учесниците на пазарот на големо.

-Сето тоа претставува еден од основните предуслови за приватни инвестиции во енергетиката и во енергетско интензивните стопански дејности, порачуваат од МЕМО. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасувањето на банките го поттикна растот на Волстрит

Следно

Грчката служба за разузнавање открила шпионажа на „длабоко покриена“ странска агентка

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна
Go toTop