Матурантите и студентите денеска на протест пред МОН, бараат полесна државна матура и подобар студентски стандард

March 17, 2023
2 mins read

Матурантите бараат брзо решение за нивниот проблем зашто полагањето на државната матура почнува на 27 мај

Во најавата, пак, за придружување кон средношколскиот протест, движењето „Студентски отпор“ наведе дека е „крајно време студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите“

Фото: 360 степени, Студентски протест одржан во ноември 2022 година

Матурантите и студентите денеска од 12:30 часот, пред зградата на Министерството за образование и наука, ќе одржат протест на кој ќе побараат олеснување на полагањето државна матура, но и подобрување на студентскиот стандард.

Протестот го организираат од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), како и движењето „Студентски отпор“.

Од ОДАС велат дека целта на протестот е да се истакне значењето на нивните ставови во врска со државната матура и да се забрза носењето соодветно решение. Тие од Владата и Собранието побараа годинашната генерација матуранти да имаат скратен обем на материјал за завршниот испит или да се намали бројот на интерни испити. Причина за ваквите барања, како што велат од ОДАС, е тоа што оваа генерација матуранти немале непрекинато една целосна учебна година во нивното четиригодишно средно образование, а тоа се должи на, според нив, два најголеми фактора во последните четири години – корона-кризата и година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби.

Од ОДАС велат дека нивниот проблем бара брзо решение зашто полагањето на државната матура почнува на 27 мај.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вторникот изјави дека за ова барање ќе треба да се разгледа дали и што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура. Тој најави дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, како што пред неколку дена изјави неговиот претседател Лука Павиќевиќ, за една до две недели ќе има состанок на Генералното собрание за да се произнесе по прашањето околу полагањето на државната матура.

Во најавата за придружување кон средношколскиот протест, движењето „Студентски отпор“, пак, наведе дека е „крајно време студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите“.

Студентите се незадоволни од, како што велат, континуираната негрижа од МОН и непочитувањето на законските рокови за исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк и за стипендија.

Студентите се незадоволни и од, според нив, нетранспарентните преговори по однос на новиот закон за студентски оброк и додаваат оти засега немаат никакви официјални информации како би се одвивала зголемената исплата од, како што велат, „неверојатни 140 денари“ на дневно ниво.

Додаваат дека МОН доцни и со исплатата на стипендиите – како за оние кои аплицираат по првпат, така и за оние кои ја продолжуваат стипендијата, а незадоволство изразија и поради сè уште незапочнатата реконструкција на студентските домови која МОН ја најави за почетокот на годинава.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири

Следно

Мексико: Пронајдени телата на некои од шесте исчезнати жени

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево
Go toTop