Ескобар од Белград: Договор за нормализација е можен до крајот на годинава, не очекуваме потпис во Охрид

March 16, 2023
1 min read

Премиерот на Република Косово, Албин Курти, и српскиот претседател Александар Вучиќ в сабота во Охрид ќе се сретнат во рамки на дијалогот Косово–Србија, во кој посредува Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле своето учество на оваа средба

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска на прес-конференција во Белград изјави дека целта на неговата посета е да работи со политичките лидери во регионот со цел да се постигне напредок по европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Тој нагласи дека тоа е договор за нормализација, а не за признавање. Како што пренесуваат српските медиуми, Ескобар рекол дека би сакал договорот да биде постигнат оваа година. Според него, на средбата во Охрид не се очекува потпис.

Ставот на САД е дека европскиот предлог е најдобрата можност за напредок во процесот на нормализација, посочи американскиот специјален пратеник.

„Очекуваме страните да бидат сериозни, флексибилни и конструктивни, Косово и Србија да имаат мирни, предвидливи и конструктивни односи, а од тоа ќе има корист целиот регион“,

нагласи Ескобар.

Тој рече дека би сакал во оваа календарска година да се постигне договор за нормализација.

„Мислам дека тоа е можно“,

изјави Ескобар за новинарите во Белград на прашањето за роковите за постигнување и спроведување на европскиот договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, за кој во сабота ќе се разговара во Охрид.

Тој вели дека од средбата во Охрид не се очекува потпис, но се очекува да се постигне договор како да се оди напред.

Ескобар рече и дека би сакал српската заедница да учествува на изборите во Косово, како и Србите да учествуваат во сите институции на Косово.

Според него, Заедницата на српските општини е важен чекор во односите меѓу Србија и Косово и јасно е дека тоа е обврска предвидена во многубројни документи.

Премиерот на Република Косово, Албин Курти, и српскиот претседател Александар Вучиќ в сабота во Охрид ќе се сретнат во рамки на дијалогот Косово–Србија, во кој посредува Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле своето учество на оваа средба.

Како што објавија косовските медиуми, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Белград–Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и со Вучиќ, а потоа ќе седнат на заедничка средба со нив. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Според најавите од Делегацијата на ЕУ во Приштина, се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од Делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци е предвидена изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден од убиените во скопската чаршија избегал од судење за убиство во Холандија

Следно

Лајчак откри која ќе биде главна тема во Охрид

Latest from Blog

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело –

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Во честитката, од друштвото истакнуваат
Go toTop