Канада ќе испрати муниција и противвоздушни ракети во Украина

March 15, 2023
1 min read

Канада веќе најави дека ќе донира осум од своите тенкови „леопард 2“, кои треба да пристигнат во Украина во наредните недели

Канада ќе испрати приближно 8 000 парчиња артилериска муниција и десетина проектили за противвоздушна одбрана како дел од најновата воена помош за Киев, соопшти канадското Министерство за одбрана. Канада ќе ѝ испрати на Украина повеќе од 1 800 парчиња муниција за обука за борбени тенкови „леопард 1“ донирани од Данска, Германија и Холандија.

Либералната влада на премиерот Џастин Трудо, еден од најгласните меѓународни поддржувачи на Украина, испрати воена помош во Киев во вредност од околу 730 милиони долари од почетокот на руската инвазија минатата година.

Канада веќе најави дека ќе донира осум од своите тенкови „леопард 2“, кои треба да пристигнат во Украина во наредните недели, соопшти Министерството.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бектеши: Сигурен сум дека од утре тестенините и млечните производи ќе бидат поевтини за 15 и за 10 отсто, очекувам сите да ја почитуваат одлуката

Следно

Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО, ставот ќе биде објавен во петок

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop