Бектеши: Сигурен сум дека од утре тестенините и млечните производи ќе бидат поевтини за 15 и за 10 отсто, очекувам сите да ја почитуваат одлуката

March 15, 2023
2 mins read

Според него, не се очекува недостиг на производи, иако Министерството за економија има механизми со кои може да реагира веднаш

Сигурен сум дека од утре цените на тестенините и млечните производи во малопродажбата ќе бидат намалени согласно владината одлука, за 15 и за 10 отсто, изјави во вечерашната „Топ тема“ на Телма, министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој потсети дека оваа мерка е донесена врз основа на детални анализи и ниту една компанија, како што напомена, не трпи штети. Ако по 31 мај цените се нелогични, како што рече Бектеши, ќе следува повторно замрзнување.

„Сигурен сум дека владината одлука ќе се применува. Јас сум убеден дека ќе се намалат профитните маржи за да не се оштетат земјоделците. Ако видиме дека има притисок врз земјоделците, тогаш ќе следуваат нови одлуки. Земјоделците нема да бидат оштетени, како што нема да бидат оштетени ниту трговците и производителите. Компаниите само ќе немаат дел од планираните профити. Утре очекувам во маркетите сите да работат согласно мерките“,

истакна Бектеши.

Според него, не се очекува недостиг на производи, иако Министерството за економија има механизми со кои може да реагира веднаш.

„Има институции кои прават контроли на пресметките, не ги носиме одлуките напамет, туку врз основа на детални анализи. Сите цени на суровините се паднати. Сите мора да работат согласно одлуките, очекувам дека тоа ќе го направат. Ниту една компанија нема да има загуба зашто е даден дозволен процент на профитна маржа, што значи дека не се укинува одлуката за маржите, тоа продолжува да важи, само паралелно се замрзнуваат цените“,

потенцира министерот.

Тој уште еднаш повтори дека нема потреба од активирање на стоковните резерви зашто моментната цена на брашното во земјава е 26–28 денари, што е големо намалување за речиси 20 отсто од претходниот период.

Од утре пазарните инспектори ќе бидат на терен и ќе проверуваат дали трговците ги намалиле цените на тестенините и млекото и млечните производи.

„Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците досега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуваат од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подготвени да се соочиме и со овој предизвик“,

информираа денеска од ДПИ.

Контролите, како што соопштуваат оттаму, ќе се вршат на неварени тестенини, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца и чија цена треба да се намали за 15 отсто. Инспекторите ќе проверуваат и дали за 10 отсто се намалени цените на трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал, со исклучок на кравјиот кашкавал без додатоци и пармезанот, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Владата донесе одлука и им даде рок од речиси една недела, односно до 16 март, на трговците и производителите да ги намалат цените на тестенините и на млечните производи за 15, односно за 10 отсто.

Одлуката ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египетската полиција ги уапси крадците во домот на Салах

Следно

Канада ќе испрати муниција и противвоздушни ракети во Украина

Latest from Blog

Во пад на авион загина познат пејач од Колумбија

Колумбискиот пејач Јеисон Хименез е меѓу шесте лица кои загинаа откако авионот со кој патуваше со своите музичари се урна и се запали во Колумбија. Јеисон Хименез и неговиот бенд патувале на концерт синоќа

Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во

Стоилковиќ: МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!

МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ! Лауреатите на идентитетскиот геноцид врз својот народ и родената држава – кои народот се повеќе ги препознава како политички абортуси, а македонскиот народ како фабричка грешка во националниот

Адвокатот Гентиан Сејрани е критичен кон постапката за избор на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија

Адвокатот Гентиан Сејрани, директор на невладината организација „За социјална правда“ и претставник на египетската заедница во Албанија, изрази остри критики кон изборот на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во

Димитровски: „Зимска приказна ја покажа силата на Битола кога градот создава заедно“

Годинешното издание на „Зимска приказна“ уште еднаш покажа дека празниците во Битола не се само дел од календарот, туку заедничко искуство создадено од градот и неговите жители. Со силна поддршка од Општина
Go toTop