Барселона и официјално обвинета за корупција

March 14, 2023
1 min read

Шпанското Јавно обвинителство поднесе три обвиненија против каталонскиот гигант Барселона кои вклучуваат корупција и несовесно работење, пренесува Би-Би-Си.

Ваквиот епилог доаѓа откако Обвинителството поведе истрага минатиот месец против Барселона по повод уплата на околу 1.4 милиони евра на фирма во сопственост на потпретседателот на Судиската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Хозе Марија Енрикес Негреиро.

Фудбалскиот клуб Барселона одржувала строго доверлив устен договор со Хозе Марија Енрикес Негреиро што вклучувало, тој во својство на потпретседател на Техничкиот арбитражен комитет (ЦТА) и во замена за пари, да спроведува активности кои имаат за цел корист за фудбалскиот клуб Бараселона при поедини судиски одлуки, соопшти шпанското Јавно обвинителство.
Актуелниот лидер во шпанската Ла Лига пак тврди дека плаќала за технички извештаи за судењата, но оти никогаш не се обиделе да влијаат врз одлука на арбитер.

Нека биде јасно дека Барселона никогаш не поткупила судија, ниту планира да поткупува судии. Апсолутно никогаш. Немаа ништо спорно во тоа што во минатото Барселона најми услуги на надворешен консултант кој на техничките секретари на клубот им даде известување за младинските фудбалери од другите шпански клубови. Покрај тоа, соработката се состоеше со технички извештаи за професионалното судење кои ги користеа тренерите на тимот. Ова е вообичаена практикаа меѓу професиналните клубови, изјави првиот човек на Барса, Жоан Лапорта.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стефковски: 2022 е успешна година за општина Гази Баба

Следно

Граѓаните револтирани: Кога ќе заврши реконструкцијата на „Митрополит Теодосиј Гологанов“?

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во
Go toTop