ЕУ подготвува закон за странски агенти, невладините се загрижени

March 14, 2023
1 min read

Европската унија подготвува закон за странски агенти, иако највисоките европски функционери жестоко ги критикуваа грузиските власти дека се обидуваат да донесат таков закон, објави „Политико“.

Бриселскиот портал, повикувајќи се на три извори, пишува дека ЕУ, како дел од борбата против странското влијание во блокот, работи на закон што ќе ги принуди невладините групи, консултантски фирми и академски институции да ги пријават сите финансирања надвор од ЕУ.

Планираното законодавство, кое е во рана фаза на подготовка, е слично на законите во Австралија и САД. Според американскиот Закон за регистрација на странски агенти, од 1938 година, лобистите кои работат во име на странска држава се обврзани да се регистрираат во американската федерална влада.

Европската верзија на законот веројатно нема да таргетира поединци, но доколку биде усвоена, и комерцијалните и непрофитните организации ќе мора да обелоденат финансирање што не е од ЕУ и се однесува на плаќање за академски студии, изјави претставник на Европската комисија за Политико, кој не сака да биде именуван.

Законот може да биде финализиран на крајот на мај, според Политико

Според копија од прашалникот во кој имале увид од Политико, од испитаниците веќе било побарано да дадат детали за изворите на финансирање надвор од ЕУ.

Тоа прашање за финансирање изненади многумина, рече Ник Ајоса од Транспаренси Интернешнл, додавајќи дека „прашањата сугерираат дека проценуваат дали Транспаренси интернешнал е закана за демократијата“.

Некои невладини организации изразија загриженост дека доколку ЕУ продолжи со својата верзија на американскиот Закон за регистрација на странски агенти, некои силни луѓе, како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан, би можеле да го искористат за да ги потиснат продемократските сили во нивната земја.

Со цел да ги отфрли тие стравувања, комесарката Јурова ќе има серија состаноци со граѓанските групи оваа недела, рече неименуваниот функционер.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Водовод Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село

Следно

Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop