Пике откри како се „купуваат“ судии во Шпанија

March 14, 2023
1 min read

Барселона се најде во центарот на спортската јавност деновиве, откако беше обелоденет скандалот со наводното поткупување на потпретседателот на судиската комитет во Примера, Енркие Негреира.

Допрва ќе се докажува за што точно биле исплаќани огромните хонорари на сметката на Негреира, кои изнесуваат нешто над седум милиони евра, а шпанското обвинителство веќе покрена постапка за овој случај.

За овој скандал зборуваше веќе поранешниот играч на Каталонците, Жерар Пике, кој изјави дека „сите знаат на кој начин се поткупува судија“.

„Никогаш не сум го сретнал господинот Негреира, ниту пак, неговиот син. Подготвен сум да дадам заклетва и да сведочам пред судот, одговорно тврдам дека Барселона никогаш не поткупувала судии. Сите знаат како се поткупува судија, се сретнувате со него на договорена локација, му врачувате коверт со пари и заминувате. Тоа е најлесниот и единствениот начин за такво нешто“.

Зошто Барселона би го правела тоа преку официјални канали? Зарем мислите дека луѓето се глупави и исплаќале големи суми директно на сметката на потпретседателот на судискиот комитет? Никој не може да го оспори и занемари огромниот успех на Барселона. Нашиот тим е најдобар и тоа секогаш така ќе биде. Сега некако сите сакаат кон нас да навлечат гнев, дури и од неутралните љубители на фудбалот. Ние, играчите на Барселона , ги познаваме судиите затоа што играме долго во Шпанија. Но, кога доаѓа нов тренер, тој не ги знае толку како нас и затоа е сосема нормално клубот да ангажира судиски советници, каков што е случајот со Негреира“, заклучи легендарниот фудбалер на Барселона.

Жерар Пике освои многу трофеи со каталонскиот гигант и застана во одбрана на својот веќе поранешен клуб. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, вчера изјави дека „едвај чека да се сретне на суд со сите што сакаат да го нарушат угледот на клубот“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аеродром добива Локален младински совет

Следно

В сабота Филхармонија ќе одржи концерт за деца насловен „А Zoo Called Earth“

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop