Учењето математика е чист комунизам

January 11, 2023
1 min read

Најкорисната математика што ја научив во животот ја научив на возраст меѓу пет и девет години, вклучувајќи го запамтувањето на таблицата за множење, делење, проценти и дропки. Овие ми вршат работа во секојдневниот живот и нивното разбирање на многу основно ниво е клучно. Вон ова, обидите да ми се наметне математика и тоа да се сфати како што било друго освен терор и забуна – а имаше многу такви обиди – немаа никаков успех. И тоа не е фер. Кога ќе се посветев на тоа сфаќав дека јас стварно сакам бројки, се додека не сум присилена да учам пример квадратни равенки (за кои ништо не знам).

Би било добро да можеше некој разумен што не го бива за математика, но е успешен во животот, да седне со Риши Сунак пред да ја објави неговата политика со која математиката станува задолжителна за сите деца до 18 години.

Ова е бесцелна и непријатна идеја. Непријатна затоа што за оние кои имаат проблем со математика, таа е длабоко понижувачки, јалов процес за нејзино издигнување над основно ниво. И тие нема да го паметат тоа како ништо друго освен пекол – на кратко ќе им ја згади математиката до крај на животот.

Сега за бесцелноста. Денес, не е најјасно која би била целта на сите тие години присилна математика. Секој може да вклучи Ајфон или Гугл за брза пресметка, едноставна или комплексна. Да, немањето математички вештини може да значи дека нема да знаеш како на дигитронот правилно да му го поставиш прашањето, ама па дали сите математичари знаат што прашање да постават за сонетите на Шекспир – и дали тоа е проблем? Не е нешто посебно. А бенефитите на математиката и математичката писменост и не се некоја тајна. Секој ученик знае дека ако сака да биде имотен, веројатно ќе му треба математика – целиот банкарски систем, консултанти за менаџмент, ИТ и осигурување, плус која било корисна професија, веројатно освен правото, бара пристојно ниво на познавање математика. Ама тоа е нивна работа дали ќе сакаат да одат во тој правец. Не е работа на Риши да одлучи за нив.

Британија е општество во кое индивидуализмот може да цвета, и тоа секако го опфаќа и образованието. Во СССР или во Кина, натурањето математика можеби било задолжителна пракса, ама тука во Британија, оние кои им се допаѓа или сакаат цифри треба да го добијат сиот можен поттик за тоа, а оние кои не ги сакаат треба да им биде дозволено да се посветат на работи што тие ги сакаат. На тој начин, еден ден, ако тие се чувствуваат дека сакаат да знаат повеќе математика, тогаш тие можеби и ќе посакаат повеќе да научат.

Зои Стримпел

****
Една спротивна позиција на темава држи Нил Деграс Тајсон:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МНТ: Матичната куќа беше информирана за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева и веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори за помош

Следно

Пет лица каснати од кучиња за еден ден

Latest from Blog

Гатузо ги „разбудил“ своите играчи на полувреме со шлаканици

FOTO FOOT MERCATO Фудбалската репрезентација на Италија дебитираше против Естонија во рамките од тековните Мундијалски квалификации со Џенаро Гатузо како селектор. Контроверзниот тренер секогаш со себе носи и интересни приказни за однесувањето

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува- актерот веќе не ги препознава членовите на семејството

На 70 години, актерот живее со фронтотемпорална деменција (FTD), прогресивно мозочно нарушување кое го трансформираше неговиот живот и ја преобликува реалноста на неговото семејство. Во март 2022 година, семејството на Вилис откри

Британски хирург си ги замрзнувал нозете, за да си ги ампутира- причината за осакатувањето е ужасна

Хопер во бројни интервјуа тврдеше дека морало да му бидат ампутирани двете нозе во 2019 година поради сепса и мистериозна болест. Неговата приказна привлече големо медиумско внимание, па дури и се обидел

Екс – стоперот на Сити „удри“ по Гвардиола!

ФОТО: Manchester City F.C./FB Мануел Аканџи го напушти Манчестер Сити за време на преодниот рок, по што индиректно го обвини Пеп Гвардиола за ситуацијата на „Етихад“. Каталонецот е на удар веќе некое

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана
Go toTop