Скопје се подготвува за дочек: Ѓорѓиевски ветува украсен град и јавна прослава

November 11, 2025
1 min read

Градот Скопје годинава повторно ќе добие новогодишни украси и организирана прослава на отворено. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во гостување на МРТ 1 изјави дека во петок на седница на Советот ќе биде предложен ребаланс на буџетот, со кој ќе се обезбедат средства за новогодишното китење и за дочекот на 2026 година.

„Конечно Скопје ќе биде украсено онака како што треба, како што заслужуваат нашите граѓани. Во ребалансот предвидуваме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана и прослава за пречек на Новата година“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека во изминатите години не биле планирани средства за оваа намена, но дека новата градска администрација го коригира тоа.

Во врска со најавите за злоупотреби во јавните претпријатија, Ѓорѓиевски повтори дека околу 500 лица биле отстранети од списоците на вработени бидејќи земале плата без да одат на работа. Според градоначалникот, станува збор за годишна штета од приближно пет милиони евра.

„Стојам зад сите факти што ги изнесов. Овие лица нема да бидат заменети со нови, бидејќи единствената нивна улога била да вршат злоупотреба. Потребно е не само нивно отстранување, туку и одговорност за тие што им го овозможиле тоа“, истакна тој.

Ѓорѓиевски информираше дека веќе имале средби со Финансиската полиција и најави дека институциите ќе си ја завршат работата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма во Тирана: Минувачи едвај извлекуваат од автомобил жртви на мафијашка пресметка (ВИДЕО)

Следно

Времето утре и во наредните денови: Претпладне магла, преку ден сонце

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop