Драма во Тирана: Минувачи едвај извлекуваат од автомобил жртви на мафијашка пресметка (ВИДЕО)

November 11, 2025
1 min read

Едно лице е убиено, а едно е рането во жестока пукотница.

Според „Бота Сот“, напаѓачите пукале од возило кон луѓе во друг автомобил.

Според полицијата, околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана. Се сомнева дека е пукано кон возилото во кое се превезувале М.Ш. (околу 40 години) и Г.Д. (околу 47 години).

Во „Мерцедесот“ во кој се возеле, непознати лица пукале од „Тојота Јарис“, кој бил пронајден изгорен во Фуш Круја неколку минути по инцидентот.

Г.Д. го загубил животот, додека М.Ш. бил ранет и се наоѓа во болница, под медицински надзор, во тешка состојба.

Полицијата го опколила подрачјето, поставила контролни пунктови и продолжува со потрагата по сторителот или сторителите.

„Бота Сот“ објавува дека жртвата е Гилмано Дани, „десната рака“ на Емилијан Сулази. Сулази е добро позната фигура во албанското подземје – поранешен студент по медицина кој стана еден од најозлогласените криминални босови во Албанија. Неговото име со години се поврзува со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и Драч.

Телевизијата Топ Ченел објави снимки на кои се гледаат граѓани и полицајци како се обидуваат да го скршат прозорецот од страната на возачот за да ја отворат вратата одвнатре и да ги извлечат жртвите на мафијашката пресметка.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американските авиокомпании откажаа 1.200 летови поради продолженото затворање на владата

Следно

Скопје се подготвува за дочек: Ѓорѓиевски ветува украсен град и јавна прослава

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop