Бајден уверува дека банкарскиот систем на САД е стабилен и покрај ненадејниот колапс на СВБ 

March 13, 2023
1 min read

Американскиот претседател рече дека ќе побара одговорните да ги сносат последиците и дека ќе изврши поголем притисок за подобра регулација и надзор на поголемите банки

Американскиот претседател Џо бајден денеска изјави дека и покрај ненадејниот банкрот на банката „Силиконска долина“ (СВБ) финансискиот систем на САД останал недопрен. 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден/Фото: Архива

Затворањето на банката кое се случи во петокот е најголемиот колапс на банка од 2008 година, кога Вашингтон Мјутуел пропадна во екот на глобалната финансиска криза, потсетуваат светските медиуми.  

Претседателот на САД во своето денешено обраќање рече дека Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем.  

„Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни“,

рече Бајден. 

Средствата на банката во Силиконската долина беа запленети од страна на американската Федерална осигурителна корпорација, а банката попушти откако нејзините клиенти, главно ИТ работници и фирми за ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари.  

Американскиот претседател рече дека ќе побара одговорните да ги сносат последиците и дека ќе изврши поголем притисок за подобра регулација и надзор врз поголемите банки. 

Министерот за финансии на САД Џенет Јелен вчера изјави дека федералната влада нема да ѝ помогне на банкротираната банка на Силиконската долина, туку работи на помош на нејзините корисници. 

Британската филијала на банкротираната банка во Силиконската долина на Калифорнија е продадена на HSBC со посредство на британската влада и Банката на Англија, соопшти денеска британското министерство за финансии. 

Банка „Силиконска долина“, Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Осврнувајќи се на досието на банката, Гардијан во својата анализа напиша дека СВБ е отворена пред четири децении во срцето на регионот познат по својата технолошка сила и паметно одлучување. Оваа банка со седиште во Калифорнија прерасна во 16-та најголема банка во САД, која ги опслужува финансиските потреби на технолошките компании ширум светот, пред серијата несреќни инвестициски одлуки да доведат до нејзин колапс. 

Иако проблемите на СВБ произлегуваат од претходните одлуки за инвестирање, алармот беше вклучен на 8 март, кога банката објави зголемување на капиталот од 1,75 милијарди долари. Банката им кажа на инвеститорите дека мора да ја затвори дупката предизвикана од продажбата на нејзиното портфолио на обврзници со загуба. 

Клиентите станаа свесни за длабоките финансиски проблеми во СВБ и почнаа масовно да повлекуваат пари. За разлика од банката ориентирана кон граѓаните, која ги опслужува компаниите и домаќинствата, клиентите на СВБ генерално имале многу поголеми сметки. Тоа значеше дека стампедото на банката било брзо. 

Два дена откако објави дека ќе го собере капиталот, компанијата од 200 милијарди долари пропадна. Тоа беше колапс на најголемата банка во САД по светската финансиска криза. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер

Следно

Џентилони: Пропаѓањето на СВБ не е директна закана за европските банки

Latest from Blog

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан

Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви

16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛОКУМАДЕС: Принудувале странски државјани да продаваат крофни на Халкидики

Затворска казна од 16 години му е одредена на водачот на криминалната група што вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, односно на популарните грчки локумадес на плажите во Ситонија,

Танкер со нафта експлодираше во близина на Либија

Танкер што превезуваше милион барели нафта експлодираше во близина на брегот на Либија, изјави вчера неговиот управувач. Според Блумберг, танкерот „Виламура“ моментално се влече кон Грција, каде што штетата ќе се процени

Мицкоски: Со отворено срце и разум чекориме по европскиот пат, но се противиме на уцените кои не се дел од европските вредности

Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под
Go toTop