Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

November 6, 2025
1 min read

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на Тузла, кое ја води истрагата за оваа трагедија.

„Шест мажи и шест жени починаа, сите жители на домот за стари лица во Тузла. Според прелиминарните резултати од досега извршените обдукции, тие починаа како последица на задушување, односно труење со јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на обвинителството, Адмир Арнаутовиќ. Најстарата жртва е родена во 1929 година, а најмладата во 1958 година.

Друга жена, исто така жителка на домот, починала попладнево во Клиничкиот центар во Тузла. Таа била донесена во болница во тешка состојба и била на апарати за вештачко дишење, но починала како резултат на повредите, па со нејзината смрт вкупниот број на директни жртви од пожарот се зголеми на 12, пренесе Индекс.

Истрагата за околностите е сè уште во тек

Порано во текот на денот, окружното МВР потврди дека уште еден жител на домот за пензионери починал завчера, но тоа се случило малку пред да избувне пожарот, па затоа тој не се смета за директна жртва на пожарот.

Во окружното обвинителство сега чекаат извештаи од криминалистичката полиција и експерти од областа на електротехниката и противпожарната заштита и безбедноста при работа.

„Ќе ја информираме јавноста за причините за пожарот кога ќе се анализираат извештаите и наодите и мислењата на експертите и истражителите“, рече Арнаутовиќ.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ајакс остана без тренер

Следно

Во пресрет на големиот празник-обичаи и верувања за Митровден

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop