Зеленски: Мораме да бидеме подготвени на границата со Белорусија

January 11, 2023
1 min read

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските вооружени сили мора да „бидат подготвени“ на границата со Белорусија.

Неговата изјава уследи откако белоруското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Москва и Минск го засилија заедничкото воено групирање во Белорусија преку испраќање на оружје, војници и специјализирана опрема.

– Разговаравме за заштитата на државната граница, за оперативната состојба на границата со Република Белорусија и за антисубверзивни мерки на овие простори. Освен силни изјави, не гледаме ништо силно, но сепак треба да бидеме подготвени на границата и во регионите, изјави Зеленски кој денеска е во посета на регионот Лавов, западна Украина.

Според западните аналитичари Русија се обидува да ја убеди Белорусија директно да влезе во војната, а Киев предупреди дека Москва би можела да се обиде да ја искористи Белорусија за да започне нова копнена инвазија врз Украина од северен правец.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вучиќ за посетата на неговиот син Данило на Република Српска: Дали сакавте да го убиете?

Следно

Бектеши: Ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop