Стефковски: Продолжува модернизацијата на комуналното претпријатие во Гази Баба

March 13, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со директорот на ЈКП Гази Баба, Игор Атанасовски беа на терен низ Урбаната заедница Автокоманда каде што започна големата пролетна акција на ЈКП Гази Баба, а вооедно беше промовирано и новото возило – дигалка кое се набави за потребите на ЈКП Гази Баба со средства од буџетот на општина Гази Баба.

Градоначалникот Стефковски на својот профил на Фејсбук објави дека продолжува модернизацијата на претпријатието.

– Продолжува модернизацијата на ЈКП Гази Баба. ЈКП Гази Баба прераснува во вистински сервис на граѓаните, а за таа цел продолжуваат и инвестициите на општина Гази Баба во обезбедувањето на нова механизација и возила.

Денес започна големата пролетна акција која ЈКП Гази Баба ќе ја спроведува во следниот период низ населените места во општина Гази Баба. На терен во Урбаната заедница Автокоманда беше пуштена и новото возило – дигалка, која се набави со средства од буџетот на општина Гази Баба во висина од околу 2.500.000 денари и истата достигнува висина од 9.6 метри.

Со новото возило се овозможуваат услови за оддржување на уличното осветлување кое од неодамна е во надлежност на ЈКП Гази Баба, но и за кастрење на дрвата на јавните површини низ нашата општина. Во рамки на пролетната акција која започна денес ќе се изврши чистење на јавните површини низ општината, кастрење на дрвата, како и засадување на нови садници и подигање на нови зелени површини. Продолжува обновата на нашата Гази Баба, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина писателот Никола Кочовски

Следно

Промоција на книга од Ленче Милошевска во Градската библиотека во Скопје

Latest from Blog

160.000 работници се сиромашни

Пред протестот, ССМ удира со бројка: 160.000 работници под прагот на сиромаштија, со што синдикатот директно ја засилува пресметката со Владата и работодавачите околу минималната плата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Во последните денови, помошниците наводно го советувале Доналд Трамп, претседателот на САД, да нагласи дека американската војска во голема мера ги постигнала своите цели и го советувале претседателот да соопшти план за

Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на
Go toTop