Јубилејно 40. издание на „Макфест“ од вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

October 23, 2025
1 min read

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата
„Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот
„Макфест“ – најпознатиот фестивал на забавни мелодии во Македонија.

Првата вечер е посветена на дебитантите, а ќе настапат 13
нови изведувачи кои ќе се претстават со оригинални композиции. Втората вечер ќе
донесе 14 афирмирани музичари и автори со свои нови песни, додека третата вечер
ќе биде ретроспектива на најголемите хитови од минатите децении на „Макфест“,
изведени во ново, современо аранжманско руво.

Со четиридецениското постоење, „Макфест“ останува симбол
на македонската поп и забавна сцена, место каде што своите први чекори ги
направија многу познати пејачи и композитори. Јубилејното издание ќе биде
можност за нови таленти да се истакнат, а за публиката – да ужива во златните
хитови што ја одбележаа историјата на фестивалот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) Верска одмазда или само пресуда: МАЛОЛЕТНИК ВО БРИТАНИЈА ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Следно

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop