Арсовска од лични причини ја приоритизира изградбата на булеварот во Бутел, вели Костовски

March 11, 2023
1 min read

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, во објава на Фејсбук вели дека никогаш не ѝ кажал на Арсовска оти изградбата на овој булевар е најголем проблем за неговата општина и додава дека бутелчани имаат и поголеми проблеми кои чекаат решение. Најави и дека в понеделник на прес-конференција ќе изнесе детали за, како што рече, политиканството на Арсовска и за тоа кој е со народот, а кој им робува на приватните интереси

Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска уште еднаш нагласи дека нема да отстапи од намерата да ја реализира изградбата на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел, и покрај отпорот на кој наиде од страна на дел од бутелчани и од нивниот градоначалник, првиот човек на Бутел, Дарко Косовски, пак, ја обвини дека го приоритизира овој проект поради лични причини.

Дарко Косовски (градоначалник на Бутел) и Данела Арсовска (градоначалничка на Град Скопје)

Тој во објава на Фејсбук вели дека никогаш не ѝ кажал на Арсовска оти изградбата на овој булевар е најголем проблем за неговата општина и додава дека бутелчани имаат и поголеми проблеми кои чекаат решение.

„Постојат многу поголеми проблеми кои треба да се решат. Заборави ли на ветувањата кон граѓаните од Бел Камен и Кучевишка Бара за кои ти лично даде ветувања дека за 82 дена ќе ги решиш нивните проблеми? Изгледа ќе да е до карактерот, приватниот интерес и отсуството на способност да се менаџира градот. Многу симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата, а приватната фирма да ја изгради трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите“,

пишува градоначалникот на Бутел на Фејсбук обраќајќи ѝ се на Арсовска.

Костовски во објавата најави дека в понеделник на прес-конференција заедно со бутелчани ќе изнесе детали за, како што рече, политиканството на Арсовска и за тоа кој е со народот, а кој им робува на приватните интереси.

„Гледам и Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе. Нека не се чуди воопшто. Јас секогаш ќе бидам на страната на народот и моите сограѓани“,

вели тој.

Претходно денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на прес-конференција нагласи дека нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај отпорот кој жителите на овој дел од градот и градоначалникот на општината Дарко Костовски го пружаат во врска со него.

Нагласи дека проектот е планиран уште од 2002 година, а дека како дел од програмата „За модерно Скопје“ го поддржале над 120 000 скопјани.

Коментирајќи ги обвинувањата на бутелчани и на нивниот градоначалник, оти со изградбата на булеварот планира и изградба на седум висококатници, Арсовска нагласи дека Деталниот урбанистички план со кој се предвидени овие згради го донел тогашниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски, а во 2015 година бил изгласан од општинските советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пропадна една од најголемите банки во технолошкиот сектор на САД

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Голем верижен судар кај Будимпешта – учествувале 42 возила, десетици се повредени

Latest from Blog

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава

Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

Претстојнава недела ќе имаме последно кафе со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и јас му посакувам се најдобро. Ова го изјави премиерот Мицкоски со што потврди дека досегашниот министер за
Go toTop