Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку

March 11, 2023
1 min read

Да се скрати дел од материјалот, да се полага еден предмет помалку или да се укине државната матура. Ова се дел од предлозите на средношколците, кои поради онлајн наставата, политиката и лажните дојави за бомби, едвај седнаа во средношколските клупи. Задоцнетите решенија и владините политики кои наликуваат на „купување на време“ за серијата проблеми со кои се соочија образовните институции изминативе неколку години, ги натераа средношколците со свои предлози да се обидат да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат. Велат, по толку многу изгубени часови, државниот испит не може да се полага на ист начин како до сега, објавува телевизија Алфа.

„Средношколците предложија, дали да се скрати материјалот кој е предвиден за полагање на овогодинешната матура, или да се изостави еден интерен предмет. Имаше секакви предлози дури и да се укине матурата. Средношколците овие предлози сакаат да ги достават до Собранието и Владата на Р.Македонија и секако се надеваме на слух од таа страна“ вели Анисија Угриновска – Средношколска организација ОДАС

Настава со физичко присуство па онлајн, има – ама нема учебници, дојава за бомба брзање до дома пред комјутер – овие случаи станаа секојдневие за учениците изминатите неколку години, зашто државата наместо решение, остави проблемите само да се таложат.

„Професорите ги гледавме преку екран, понатаму, во трета година се соочивме со протести на наставниците, се соочивме со простести на ЈСП.. И сега, најактуелно, се соочуваме со дојави за бомби, кои со почетокот на 4-тата година верувам дека го попречија образованието во голема мера “Анисија Угриновска – Средношколска организација ОДАС

И покрај барањата на средношколците, од министерството за образование остануваат на ставот дека државната матура ќе се полага исто како и во минатото.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На доделување на новинарски награди во Авганистан експлодира бомба – едно лице загина

Следно

Пропадна една од најголемите банки во технолошкиот сектор на САД

Latest from Blog

Програмата на Виноскоп денеска од 17 часот, поради најавените врнежи дел од изведувачите ќе настапуваат утре

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на Виноскоп се преместува за утре. Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17:00 часот настапува DJ Bela, во 19:30

УБИЕН ВТОРИОТ ЧОВЕК НА Исламска држава, соопшти Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.
Go toTop