Ѓорѓиевски: Со кружни текови до побезбеден и поефикасен сообраќај во Аеродром

October 16, 2025
1 min read

Во рамки на својата програма за подобрување на сообраќајната инфраструктура, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на два кружни текови кај деловниот центар „Тобако 2“ во општина Аеродром.

Ѓорѓиевски потенцира дека овој проект е дел од поширокиот план за решавање на сообраќајните гужви во источниот дел на градот, каде дневно се движат илјадници возила, создавајќи метеж и застои.

„Со двата кружни текови кај ‘Тобако 2’ значително ќе го олесниме сообраќајниот хаос и ќе овозможиме побезбедно и побрзо движење на возилата во овој дел од градот“, истакна Ѓорѓиевски.

Покрај тоа, тој најави и дека вакви сообраќајни решенија ќе бидат применети и на други критични локации во Скопје, со цел да се создаде поефикасна и современа урбана мрежа, во согласност со европските стандарди за мобилност и безбедност.

Ѓорѓиевски додаде дека новите инфраструктурни проекти ќе бидат реализирани со почитување на урбанистичките планови и со консултација на локалното население, за да се постигне вистински баланс меѓу функционалност, безбедност и животна средина.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Поддршка за Коњановски во Битола од Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите во Македонија

Следно

Брзи лепчиња со сирење

Latest from Blog

Ѓорѓиевски од митинг во Гази Баба: „Ќе ја вратиме довербата во градската власт“

На голем собир во Гази Баба, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Бобан Стојановски, добија масовна поддршка од граѓаните под мотото „Со Бобан,

Словенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, еве која е сумата

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот и во приватниот сектор, ќе стане задолжителна не само оваа година, туку

Овие 4 знака се на удар на кармата: Судбината ќе им врати мило за драго – следниот период ќе биде кобен за нив!

Кармичкиот вител ќе ги зафати Шкорпиите, Рибите, Вагите и Близнаците, додека Биковите ќе добијат неочекувана награда од небото. Ѕвездите повторно се мешаат во текот на судбината. Според астролозите, четири хороскопски знаци –
Go toTop