Грузискиот Парламент го отфрли законот за „странски агенти“

March 10, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Грузиските пратеници денес го одбија предлог-законот за „странски агенти“ во второ читање, откако предложениот закон предизвика масовни протести во главниот град Тбилиси, јавува Анадолу.

Собраниската седница беше директно пренесувана на официјалната веб-страница на Парламентот, при што само еден пратеник гласаше за предлог-законот, додека 35 беа против.

Претходното одобрување на нацрт-законот за „Транспарентност на странско влијание“ во понеделникот поттикна демонстрации во Тбилиси, што доведе до приведување на 66 лица, а беа повредени повеќе од 50 припадници на безбедносните сили.

Според нацрт-законот, поединци, групи на граѓанското општество и медиуми треба да се регистрираат во Министерството за правда како „агенти на странско влијание“ доколку од странство добиваат најмалку 20 отсто од нивните финансиски средства.

Нацрт-законот би наметнал дополнителни барања за известување, инспекции и административна и кривична одговорност, вклучително и до пет години затвор за какви било прекршувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Чавушоглу во Анкара се состана со шефот на УНХЦР, Гранди

Следно

Средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ доби био-технолошка лабораторија

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop