„Премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“: Страшен мејл стигна во многу училишта во Србија и е напишан со помош на АИ?!

October 2, 2025
1 min read

„Бомба ќе експлодира“, „луѓето се стаорци“, „премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“, се наведува меѓу другото во мејловите што утрово стигнале на дури 807 основни и средни училишта ширум Србија, а во кои се заканува со поставена бомба во училиштето. Слични мејлови стигнале и во градинки. Иако полицијата веднаш утврдила дека дојавите се лажни, вознемирувачката закана предизвикала евакуации и прекин на наставата. Сите мејлови биле напишани на српски јазик, но на некои места се забележува слаб АИ превод.

„Во училиштето е поставена бомба“, кратко пишувало во мејлот кој, од адреса што не можела да се види, 2–3 минути пред 6 часот утрово стигнал на мејлот на Средното земјоделско училиште во Ваљево.

Сè се случило пред почетокот на наставата, а специјализирани екипи на МВР веднаш биле повикани на лице место, го прегледале училиштето и се увериле дека станува збор за лажна дојава за бомба, па наставата во ова училиште можела да почне со извесно задоцнување. Слична ситуација имало и во Техничкото училиште во Ваљево.

Можеби ќе ве интересира: Ужас во Минхен: Пукал во мајка му и татко му, па фрлил бомба на куќата- познат е мотивот

Со оглед на тоа дека во Србија има околу 1.700 основни и средни училишта, тоа значи дека речиси половина училишта добиле вакви дојави!

МВР го известило надлежното обвинителство и покрената е меѓународна соработка за идентификација на испраќачите на заканите. Поради тоа постои сомнеж дека дојавите за бомби стигнувале од странство, пишува Блиц.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Де Брујне: Хојлунд почнува да ми наликува на Халанд

Следно

Денови на мед во Куманово по 25-ти пат

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop