Сопругот на Никол Кидман среде разводот си нашол нова девојка, актерката ја заменил со помлада музичарка

October 1, 2025
1 min read

„Златниот холивудски пар“ стави крај на својот брак, кој до вчера многумина го сметаа за олицетворение на совршенство.

Како што се шпекулираше, тој не губеше време и веќе пронашол утеха со нова, помлада девојка, а познатата актерка, откриваат блиски пријатели, наводно е „повредена и разочарана“.

Извор откри за People дека Никол Кидман е „повредена“ и „се чувствува предадена“ откако до неа стигнаа гласини дека Кит Урбан веќе почнал да живее заедно со „мистериозна помлада жена од музичката индустрија“.

Во Нешвил има гласини за тоа, но никој не може да го потврди.

– Таа е шокирана, сето тоа е многу болно и поразително за неа“ – велат пријателите на убавата актерка и додаваат дека Никол Кидман се борела да го спаси бракот.

– Таа не го сакала ова и навистина се борела да го спаси бракот – истакнале нејзините блиски луѓе.

Кит Урбан се иселил од семејниот дом

– Кит си основал свој дом во Нешвил и се иселил од семејниот дом – вели изворот.

Патем, Кит и Никол се во брак 19 години и имаат две деца, на 14 и 17 години.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена покажала што има во дневната соба- снимката е хит, коментарите поделени (ВИДЕО)

Следно

Николоски: Се интензивира црната кампања на опозицијата, очајни и немоќни свесни дека народот не ги сака

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop