Шведска, Финска и Турција во Брисел се договорија за натамошни разговори за членството во НАТО

March 9, 2023
1 min read

Турција денеска во Брисел потври дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за пристапување во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби, изјави главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром.

-Видовме дека Турција призна дека Шведска и Финска презедоа конкретни чекори во овој договор, што е добар знак, рече Стенстром на прес-конференцијата во седиштето на НАТО, пренесоа британските медиуми.

Шведскиот дипломат посочи дека трите земји ќе одржат нови средби, но не прецизираше датум.

Турција досега отворено се спротивставуваше на влезот на двете скандинавски земји во НАТО.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година поради зголемената загриженост за безбедноста откако Русија ја нападна Украина, но наидоа на блокада во Турција, која вели дека Стокхолм бил засолниште за членовите на терористичките групи.

Анкара неодамна посочи дека може само да го одобри влезот на Финска во НАТО.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се подготвува теренот за средбата меѓу Вучиќ и Курти во Охрид: Лајчак во посета на Приштина, потоа ќе оди во Белград 

Следно

СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО – овие две лица знаат многу повеќе од сите нас за киднапирањето на внукот на Бошкоски, се бара веднаш да бидат притворени!

Latest from Blog

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го
Go toTop