Меџити: Над 6 милиони денари за стабилно водоснабдување во Чаир

September 10, 2025
1 min read

Скопје, 2025 – Првиот-вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, денеска ги посети градежните активности на улицата „Бајрам Шабани“ во Гази Баба, каде што се реализира значаен проект за подобрување на водоснабдувањето.

Проектот, во вредност од над 6 милиони денари, предвидува изградба на нов водоводен цевковод со профил DN 280 mm и должина од 235 метри, кој ќе го замени дотраениот постоечки систем. Со оваа интервенција се елиминираат честите прекини во водоснабдувањето и недостигот на вода, а жителите ќе добијат стабилен и сигурен пристап до вода за пиење со подобрен притисок долж целата улица.

„Овој проект е доказ дека со соработка меѓу институциите и локалната самоуправа можеме да обезбедиме трајни решенија за проблемите на граѓаните. Пристапот до чиста и сигурна вода за пиење е едно од основните човекови права и наш приоритет,“ истакна Меџити.

 

Инвестицијата се реализира од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општина Чаир, со цел обезбедување континуиран пристап до квалитетна вода за сите жители на овој дел од градот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со доминантен удел во дневниот промет

Следно

Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop