Комерцијална банка и Алкалоид со доминантен удел во дневниот промет

September 10, 2025
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На денешната сесија на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 13.930.597 денари, реализиран преку 71 трансакција и со 1.552 тргувани хартии од вредност. Индексот МБИ10 бележи минимално намалување од 0,04%, завршувајќи на ниво од 10.441,73 поени. Активноста беше концентрирана околу три компании – Комерцијална банка, Алкалоид и Шпаркасе Банка Македонија, кои заедно сочинуваат над 85% од дневниот промет.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 8.509.960 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.135.090 денари
● Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (SPB) – 1.525.500 денари

Топ 3 добитници

● Стопанска банка АД Скопје (STB) +0,84%
● ТТК Банка АД Скопје (TTK) +0,04%
● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) +0,02%

Топ 3 губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,37%
● Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (SPB) –0,02%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –0,01%

Обврзнички пазар

Во текот на денот не се реализирани трансакции со обврзници. Цените на котациите останаа непроменети, додека индексот ОМБ остана стабилен на 128,27 поени.

Берзанскиот ден на 10 септември 2025 година помина во знак на стабилна но пасивна трговија, со минимално намалување на индексот и без значителни ценовни движења. Најголем дел од прометот беше сконцентриран на Комерцијална банка, Алкалоид и Шпаркасе Банка, додека остатокот од пазарот остана со ограничена активност. Обврзничкиот сегмент повторно беше целосно неактивен. Трендот на ниска ликвидност и селективна трговија продолжува.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: За првпат годишен план за изградба на енергетски капацитети

Следно

Меџити: Над 6 милиони денари за стабилно водоснабдување во Чаир

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop