Герасимовски со порака до дамите: Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите

March 8, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски и Вангел Андревски, раководител на финансии и стратешки развој, им поделија рози на жените во Дебар Маало и Буњаковец.

– Вие сте столбови на семејствата, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во секое општество. Затоа го заслужувате секое признание за вашата храброст, истрајност, достоинство и посветеност.

Би сакал да ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Затоа активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година. Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите, јас сум тука да ги поддржам вашите ставови, напиша Герасимовски на Фејсбук.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите за одбрана на ЕУ на разговори за снабдување на Украина со муниција

Следно

Прва пленарна седница: Има напредок во родовата еднаквост, но постојат уште многу предизвици со кои мора да се соочуваме

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop