Вечери на женски права во Кинотека: Проекција на „Меч со две острици“ и „Куќа на малата ѕвезда“

March 8, 2023
2 mins read

8 МАРТ (СРЕДА), 18:00 ч.

МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ

(Avec amour et acharnement / Both Sides of the Blade)

Игран филм, Франција

2022, 116 мин., колор, ДЦП

Режија: Клер Денис (Claire Denis)

Сценарио: Клер Денис (Claire Denis)

Улоги: Жилиет Бинош, Венсан Лендон, Грегоар Колан, Бил Ожие (Juliette Binoche, Vincent Lindon, Grégoire Colin, Bulle Ogier)

 

Екранизацијата на романот на Кристин Анго (Christine Angot), насловен „Пресвртна точка во животот“ („Un tournant de la vie “), ја раскажува мелодрамската приказна за љубовниот триаголник составен од една жена и двајца мажи. Едниот е нејзиниот долгогодишен партнер, вториот е неговиот најдобар пријател, а нејзин поранешен љубовник.

Водечките филмски магазини во светот со одлични оценки за новиот наслов на Дени, истакнувајќи дека ова е нејзиниот најдобар филм.

Романтичната драма, проткаена со трилер елементи, на почеток нè запознава со Сара (Бинош) и Жан (Лендон), кои живеат заедно неколку години. Љубовта ги прави среќни и силни, исполнети со меѓусебна доверба, но и со страст која не замира.

Еден ден Сара ќе го сретне нејзиниот поранешен љубовник Франсоа (Колан), кој всушност и ја запознал со Жан. Сара во тој период без двоумење го избрала Жан како нова љубов и го напуштила Франсоа…

Режисерката Клер Дени ја освои „Сребрената мечка“ на Берлинале 2022 година за најдобра режија, потврдувајќи го нејзиното авторско реноме во француската и европската кинематографија.

Актерската екипа на МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ е ѕвездена: Жилиет Бинош, Венсан Лендон и Грегоар Колан се најдоброто во француското глумиште веќе неколку децении. Колан ѝ е добро познат и на македонската филмска публика со главната улогата (монахот Кирил) во ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски од 1994 година.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА

8 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч.

КУЌА НА МАЛАТА ЅВЕЗДА

(Little Star Rising)

Документарен филм, Хрватска,

2019, 75 мин., колор, ДЦП

Режија: Слаѓана Лучиќ (Slađana Lučić)

Сценарио: Слаѓана Лучиќ (Slađana Lučić)

 

Ние сме на почетната позиција на полутриатлонот Ајронмен – пливање од 1,9 км, возење велосипед од 90 км и трчање од 21 км. Веднаш покрај нас е и Нуџи, лекторка од Сараево, решена да го промени својот живот и да биде првата жена што носи хиџаб во Европа што ќе ја заврши оваа тешка трка. Зад нас е војната која остави лузни на сите, вклучувајќи ја и Нуџи. Во војната таа ги загубила својот татко, детството и домот.

Нуџи се загрева, решителна и оптимистична. Пред нас е моќно патување за редефинирање на животот на Нуџи, пречките што мразачите ги поставуваат пред нејзините нозе, но и добрите луѓе што се привлечени од оптимизмот на Нуџи и помошта што таа им ја дава на другите. Нуџи е решена, трката ќе започне. Милиони нешта минуваат низ нејзината глава, не сите од нив се убави. Но, како и секогаш, таа избира да се насмевне. Дали и Вие сте подготвени да изберете да се насмевнете?

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Перез го менува Анчелоти со Артета

Следно

Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка

Latest from Blog

Бугарската Влада го „преживеа“ третото гласање недоверба, нови тензии пред влезот во еврозоната

Третото гласање за недоверба кон Владата на Бугарија предводена од Росен Желјазков пропадна. Владата на ГЕРБ, БСП и ИТН, со поддршка од коалицијата “ДПС-Нов почеток” на Делјан Пеевски, не успеа да добие

Нов топлотен бран го пржи Балканот

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела.  Според

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air
Go toTop