Почина поранешниот грчки крал Константин Втори

January 11, 2023
1 min read

Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст.

Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи  на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со политичка нестабилност што кулминираше со воен удар на 21 април 1967 година. Неколку месеци по државниот удар и неуспешниот обид да се спротивстави на воената хунта, кралот беше принуден да ја напушти земјата.

На референдумот што го распиша владата на национално единство по падот на хунтата во 1974 година, Грците по вторпат ја отфрлија монархијата, со што Константин Втори стана последниот крал на Грција.

Иако официјална Атина му го одзеде државјанството на Константин, сепак во 2002 година кралското семејство беше обештетено со 13,7 милиони евра за поранешниот имот во Грција.

Константин има пет деца со сопругата Ана-Марија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

103 години од раѓањето на писателот и поет Славко Јаневски

Следно

Покетино е подготвен да го преземе Челзи доколку Потер добие отказ

Latest from Blog

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува
Go toTop