Гутереш: Исчезнува напредокот за правата на жените

March 7, 2023
2 mins read

САРАЕВО (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на состанокот на Комисијата за статусот на жените (CSW) предупреди дека состанокот се одржува во време кога исчезнува напредокот за правата на жените, јавува Анадолу.

Со седницата претседаваше јужноафриканската амбасадорка Мату Џоини, која во своето воведно обраќање нагласи дека новите дигитални технологии носат големи предизвици во областа на родовата рамноправност.

„Родовата дискриминација е системски проблем што е вткаен во нашиот политички, општествен и економски живот, а и технолошкиот сектор не е ништо поинаков. Меѓутоа, овој проблем се влошува кога ќе ги земеме предвид многуте фактори кои влијаат и ја влошуваат оваа инхерентна дискриминација“, рече Џоини.

Гутереш напомена дека ЦСР (CSR – Корпоративна општествена одговорност) се состанува во време кога напредокот за правата на жените исчезнува – на пример во земјите како што е Авганистан, каде жените и девојките ефективно се бришат од јавниот живот.

„Вашиот фокус оваа година на затворањето на јазот меѓу половите во технологијата и иновациите не можеше да дојде во подобро време, бидејќи додека технологијата напредува, жените и девојките се оставени“, рече Гутереш, додавајќи дека без креативноста на половината од популацијата, човештвото во науката и технологијата ќе искористи само половина од својот потенцијал.

Бидејќи родовата нееднаквост на крајот претставува прашање на моќ, генералниот секретар на ОН повика на итна акција во три области – образование, приходи и вработување.

Гутереш рече дека меѓународната заедница мора да создаде безбедно дигитално опкружување за жените и девојчињата. Вo врска со тоа, ОН работат на имплементација на кодексот на однесување за интегритет на информациите на дигиталните платформи, кој има за цел да ги намали штетите и да ја зголеми одговорноста.

„На светот му е потребна експертизата на жените за решавање на сложените и меѓусебно поврзаните кризи, како што се климатските промени, судирите, сиромаштијата, гладот и недостатокот на вода“, рече Чаба Кереши, претседател на Генералното собрание на ОН.

Кереши истакна дека жените претставуваат помалку од 35 % од глобалната работна сила во областа на информатичко-комуникациската технологија.

„Жените имаат 20 отсто помалку шанси да го користат интернетот од мажите, но 27 пати почесто доживуваат вознемирување и говор на омраза додека го користат“, рече Кереши.

Сима Бахус, извршната директорка на „УН вимен“ (UN Women), додаде дека дигиталната револуција нуди можности без преседан за подобрување на животот на жената и девојчињата во време кога напредокот кон одржливиот развој е загрозен.

„Технологијата и иновациите што ефикасно се користат можат да бидат промени што ќе ја забрзаат борбата против сиромаштијата, ќе ја намалат гладта, ќе го подобрат здравјето, ќе отворат нови работни места, ќе ги ублажат климатските промени, ќе стават крај на хуманитарните кризи, ќе го подобрат пристапот до енергијата и ќе ја зголемат безбедноста и одржливоста, од што ќе имаат корист жените и девојчињата“, истакна Бахус.

ЦСР се состанува од 1946 година, а оваа сесија е прва во живо од 2019 година, и ќе трае до 17 март (петок), а покрај пленарната седница, ќе се одржат и неколку придружни настани.

Во посебна секција младите ќе разговараат за приоритетни теми, ќе се одржи годишен дијалог на генералниот секретар на ОН со женските и феминистичките групи на цивилното општество, форум на млади, каде особен акцент ќе се стави на гласот на народните маси и заедници, а ќе се дискутира и за промоција на социјалните, економските и политичките права на жените и девојчињата во Авганистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Следно

Нови пристапни патеки во Скопје Север и паркинг места во Бутел 2

Latest from Blog

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.
Go toTop