Бејл би можел да добие улога во селекцијата на Велс

January 11, 2023
1 min read

Селекторот на Велс, Роб Пејџ изјави дека Герет Бејл, кој најави дека се пензионира, сака да задржи одредена улога во националниот фудбалски тим. Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид во понеделникот објави дека ја завршува својата играчка кариера на 33 години.

„Кога имате некој со големина на Герет Бејл, со сето она што тој го направи за Велс и влијанието што може да го има дури и ако е само околу играчите во соблекувалната, тоа е нешто што треба да го искористам“, рече Пејџ. Тој е заинтересиран. Каква улога? Ќе разговараме за неколку недели“, додаде селекторот на Велс.

Бејл за репрезентацијата одигра 111 натпревари и постигна 34 гола, последниот на Светското првенство во Катар против селекцијата на САД. Пред тоа, Велшаните стигнаа до полуфиналето на Европското првенство во 2016 година, нивното прво големо натпреварување по 58 години.

„Она што го направи е феноменално, не само од фудбалска гледна точка, туку и за земјата, бидејќи го врати Велс на светската фудбалска мапа“, рече Пејџ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шоле денеска во Скопје, ја почнува посетата на Западен Балкан

Следно

За амбасадорувањето на Димовски во Париз нема да се одлучува на посебен состанок, туку на редовни консултации

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop