ПОКАЖА КОЛКАВО СРЦЕ ИМА – Роналдо донираше полн авион по земјотресот во Турција и Сирија, еве колку пари се проценува неговата хуманост (ФОТО)

March 6, 2023
1 min read

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е голем човек. Славниот португалски фудбалер испрати огромна хуманитарна помош за Сирија и Турција кои беа погодени од разорни земјотреси.

Роналдо бил крајно потресен од она што се случи во овие земји, па им испратил полн авион за помош на настраданите од оваа природна катастрофа.

Фудбалерот на Ал Наср испратил шатори, пакети со храна, перници и ќебиња, бебешка храна и млеко како и медицински материјали во Турција и Сирија.

Донацијата на Роналдо е проценета на 350.000 долари.

Ова не е прв пат Кристијано да учествува во вакви великодушни хуманитарни акции, а се проценува дека досега дал неколку милиони евра хуманитарна помош.

Хуманиот потег на Роналдо наиде на големи пофалби низ светот, а тој уште еднаш даде пример како познатите личности треба да се однесуваат во вакви ситуации.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доживотна казна затвор му се заканува на приведениот шеф на железничката станица

Следно

Вечерва во 360°: За десет години за 33 пати зголемен бројот на пријави за каснување од куче

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Се уредува населбата „Димо Наредникот“

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп во изминативе денови спроведува активности за реконструкција и уредување на станбениот комплекс во населбата „Димо Наредникот“, со цел подобрување на урбаниот изглед и условите за живеење. Во рамки

ВЛЕН: Собранието во изминатите две години со значаен реформски придонес

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавниот процес и зајакнувањето на институционалното функционирање. Во двегодишниот извештај на

Путин: „Русија наскоро ќе одржи избори – безбедноста мора да се обезбеди“

Путин одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, каде што разговараа за мерките за јавна безбедност во подготовка за Денот на обединувањето на државата. Путин им посака среќа на

Проданоски: Европските партнерства отвораат нови можности за развој на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во изминативе денови остварил работни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакнува, биле значајни за размена на искуства, стекнување нови знаења и воспоставување контакти за
Go toTop