Доживотна казна затвор му се заканува на приведениот шеф на железничката станица

1 min read

„Безбедноста на железницата е најважна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тие разговараа за „понатамошна техничка поддршка што ЕУ може да ѝ ја обезбеди на Грција за да ги модернизира нејзините железници и да ја подобри безбедноста на железничкиот сообраќај“, напиша таа. Поради несреќата, во Грција е приведен шефот на станицата во градот Лариса, а железничарите продолжуваат со штрајкот и протестите.

Адвокатот на приведениот шеф на станицата денеска изјави дека неговиот клиент во неделата бил испрашуван од истражителите повеќе од седум часа. Доколку биде прогласен за виновен за убиство од небрежност, може да добие казна од најмалку десет години затвор, но и доживотен затвор.

Тоа е најтешката железничка несреќа во историјата на Грција. Грчките железничари денеска стапија во штрајк шести ден по ред, изразувајќи незадоволство од безбедноста на железничката мрежа во земјата. Синдикатите тврдат дека безбедносните стандарди се ослабени со текот на годините и дека на железничкиот систем му е очајно потребно итно реновирање и јавни инвестиции.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Битолската млекарница ги намали цените на најпродаваните производи

Следно

ПОКАЖА КОЛКАВО СРЦЕ ИМА – Роналдо донираше полн авион по земјотресот во Турција и Сирија, еве колку пари се проценува неговата хуманост (ФОТО)

Latest from Blog